Ќерката на Лука Модриќ, Ема, го освои првиот трофеј со Милан

Ема Модриќ, 12-годишната ќерка на многу попознатиот татко Лука, го освои својот прв трофеј како фудбалерка на Милан.

Во финалето на Купот Гарино, натпреварување за девојки под 13 години, Ема и нејзиниот тим славеа со победа од 2-0 против Интер и со тоа ја освоија шампионската титула. Таа постигна и гол во победата во четвртфиналето против Сасул. Во полуфиналето, нејзиниот тим беше подобар од Јувентус.

Според „Газета дело Спорт“, Лука Модриќ го гледал натпреварот во кој играла неговата ќерка на „Фејсбук“ бидејќи имал обврски. Неговиот Милан играше дерби во Неапол, во кое загуби со 1-0.

Новинарот на „Газета дело Спорт“, Лука Бјанчин, објави фотографија од Ема и напиша дека има иста насмевка како нејзиниот татко.

INFO