(Фото) Може ли да биде позгодна? Ева Лонгорија во танга бикини – кадар што ќе го паметите

Актерката Ева Лонгорија ужива во Марбеља со својот сопруг Хозе Бастон, а таму решија да ги поминат и велигденските празници. Пријатели, море, сонце и нејзиниот совршен изглед – добитна комбинација ако сакате што побрзо да станете главна тема.

Популарната „џебна Венера“ која е секогаш тема кога станува збор за изгледот, неодамна го прослави својот 51-ви роденден и ги остави сите без здив, а сега буквално повторно излуди кога се прошета во танга бикини.

Според „Дејли меил“, кој ги објави фотографиите, Ева се прошета во шарено танга бикини, преку кое носеше црна проѕирна кошула. Цело време беше со својот сопруг, а во еден момент дури и се бакнаа пред сите.

На сите им недостигаше летната атмосфера, а актерката се обиде да го помине Велигден на најдобар можен начин. Според извештаите, Ева цело време се смешкала, уживала и пиела вино.

Не требаше долго време социјалните мрежи да се вжештат од позитивни коментари за нејзиниот изглед.

„Божица“, „Какво тело има оваа жена“, „И таа е во 50-тите години, невозможно е“, „Една од најубавите актерки“, „Можеше да се здружи со Елизабет Харли и заедно да отворат сметка на OnlyFans“, беа само дел од коментарите на социјалните мрежи.

INFO