Две меѓународни конференции на Економскиот факултет

Од утре до 15 ноември, Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде домаќин на две значајни меѓународни конференции, соопштуваат оттаму. На 13 и на 14 ноември ќе се одржи петтата по ред меѓународна научна конференција на катедрите за економска теорија и општа економија (MIKET 2024) под наслов „Lessons from conteporary economic crises for economic theory and policy“. На настанот ќе учествуваат реномирани експерти и научници од регионот, кои ќе дискутираат за предизвиците и научените лекции од тековните глобални економски кризи.

„На 14 и на 15, пак, ќе се одржи и петтата меѓународна научна конференција „Еconomic and business trends shaping the future“ (EBTSF-24). Оваа конференција ќе биде посветена на актуелните економски и бизнис трендови и ќе понуди платформа за размена на знаења меѓу истражувачи, како и професионалци од економската и деловната сфера. Двете конференции претставуваат извонредна можност за зајакнување на научната и деловната соработка во регионот и пошироко“, соопштуваат од Економскиот факултет.

Повеќе информации за конференциите има на овој и на овој линк.

INFO