Радев вели дека не го повлеков ветото додека не издејствувал услов за Македонија – промена на Уставот и внесување на Бугарите во македонскиот конститутивен акт.
„Една година, додека во Бугарија имаше моја техничка (службена) влада, бев подложен секојдневно на по едно јавување на претседател или премиер на некоја држава, вклучително и државниот секретар на САД – неколку пати, за да дозволиме Македонија да ги започне преговорите со Европската Унија. Јас присуствував, всушност ја претставував Бугарија на два самити на ЕУ за проширување, каде што беа присутни сите членки од Советот на ЕУ и каде се гласаше. Притоа бев подложен на ‘артилериска подготовка“, со часови , со Меркел и со Макрон. Можете да претпоставите за што стануваше збор. Имаше два пати ‘не’ за Македонија. Добро, кажав ‘не’, но не само ‘не’, туку треба да имаш предлог. Јас го дадов единствениот конструктивен предлог – промена на Уставот во Република Македонија, за на крајот да ги впишат Бугарите, покрај другите народи“, одговара Радев во интервјуто на прашање за односите со Македонија.
По двете вета од Бугарија, Македонија доби формален почеток на преговорите со ЕУ, на 19 јули 2022 година, но без можност за отворање на поглавјата од преговарачката рамка сè додека не бидат спроведени промени на Уставот со внесување на Бугарите како малцинство во земјата. Тогашната македонска влада, предводена од СДСМ и ДУИ, прифатија овој услов да биде внесен во преговарачката рамка на ЕУ за Македонија (т.н. француски прелог), иако е во контрадикторност со Копенхашките критериуми на ЕУ за проширување, како и со основачките акти на Унијата. Бараните, спорни уставни измени во Македонија не се спроведени до денес, зашто во парламентарниот состав од 2022 година немаше двотретинско мнозинство во македонското Собрание за таква одлука, а владејачкото мнозинство по парламентарните избори во 2024 година – не го прифати овој услов ниту како опозиција, а уште помалку од позиција на власт. Актуелниот епилог е – Македонија сè уште ги започнато преговорите со ЕУ, односно отворено поглавјата од преговарачката рамка и покрај повеќе од 20-годишниот кандидатски статус.
Ј.П.