Во своето обраќање, министерот Муцунски ги истакна клучните надворешнополитички приротети и на напорите за унапредување на економската соработка, вклучително и тековните иницијативи за продлабочување на билатералните трговски односи со САД.
Муцунски ја реафирмираше стратешката определба на Македонија за членство во Европската Унија, при што укажа на предизвиците поврзани со билатералните прашања и ја нагласи потребата од кредибилен и предвидлив процес на проширување.
Дополнително, беа потенцирани приоритетите за зајакнување на регионалната соработка и стабилноста на Западен Балкан, како и значењето на трансатлантското партнерство во справувањето со современите безбедносни и геополитички предизвици.
Настанот се одржа во рамки на иницијативата „Balkans Forward“ на Атлантскиот совет, со учество на претставници од политичкиот, академскиот и аналитичкиот сектор.