Владата очекува од понеделник нови намалувања на цените на бензините и на дизелот

Тој напомена дека овие цени се без одредениот попуст за бензините и за дизел горивото во бензинските пумпи на ОКТА.

„Континуирано ги следиме случувањата на цените на нафтата и на дериватите. Остануваме на одлуката за намаленото ДДВ и за нивелирање на акцизите за дизел горивата и бензините и очекуваме од понеделник цените да се намалат. Или во евра евросуперот 98 би требало да чини 1,33 евра за литар, 1,37 евра за евросупер 95 и 1,55 евра за литар дизел. Навремено и сигурно ги обезбедуваме сите потребни количини за нафта и нафтени деривати. Конзумот е зголемен, особено по бензинските пумпи на северната, западната и јужната граница. Се потврдува успешноста на владината политика во справувањето со енергетската криза, една од најголемите кризи во светот. Успеваме да обезбедиме најевтин бензин и дизел гориво. Со овие мерки веќе 45 дена успешно се справуваме со кризата“, рече Мицкоски.

По одлуката на Комитетот за човекови права на ОН дека Бугарија ја прекршува слободата на здружување со тоа што одбива регистрација на организација на етничките Македонци за заштита на права, Мицкоски рече дека и со оваа одлука се потврдува политиката на Владата.

„Политиката на оваа Влада е конзистентна, се потврдуваат нашите аргументи на меѓународната сцена. Секој кој се уште верува во прикаските дека ако се смени Уставот, тука завршуваат нашите маки се лажат. Или не ја разбираат политиката или свесно го претставуваат мекото ткиво во нашата политика и одработуваат за странски интереи. Тие партии и тие политиичари на следните избори ќе се маргинализираат и ќе исчезнат од политичката сцена“, рече Мицкоски.

INFO