Флик се шокира од теренот на “Метрополитано“ и веднаш вложи жалба до УЕФА!(ВИДЕО)

Повеќе од јасно е дека вечерва на “Метрополитано“ во Мадрид играчите на Барселона ги чека пекол. И не само поради предноста на Атлетико Мадрид од 2:0 од првиот меч, туку и поради некои “ситни“ работи кои на стратегот на “јорганџиите“ Диего Симеоне, не му се непознати.

Имено синоќа на стадионот „Метрополитано“, на тренингот на Барса, беа видени сцени кои предизвикаа големо внимание од фудбалската јавност. Имено, домашниот тим се одлучи за необичен потег – тревникот не беше искосен пред натпреварот, сето тоа со цел да се забави протокот на топката и ритамот на играта на каталонскиот гигант. Познато е дека Барселона претпочита брза игра со многу кратки додавања, па затоа е јасно дека побавниот терен може да претставува значителна пречка за нивниот стил. Сепак, контроверзиите не беа крај. За време на тренингот на гостинскиот тим, на теренот беа вклучени прскалки, што дополнително ја комплицираше подготовката на играчите на Барселона. Според странските медиуми, играчите на каталонскиот клуб беа изненадени од овој потег, но сепак го доведоа тренингот до крај и покрај тешките услови.
Реакција не изостана ниту од клупата на Барселона. Тренерот Ханси Флик наводно веднаш реагирал и поднел жалба до делегатот на УЕФА.
Флик смета дека ваквите потези не се во духот на фер-плејот, особено кога станува збор за натпревари на највисокото ниво на европскиот фудбал.
Од друга страна, засега нема официјални коментари од таборот на Атлетико Мадрид, но ваквите трикови не се непознати кога станува збор за обиди за стекнување предност на домашниот терен.

INFO