После се она што се случи вчера во Гевгелија, по оној срам и веројатно најтежок скандал во последните децении во мак – фудбалот, нормални беа реакциите од сите страни. Сите се вџашени од тоа што се случи, од начинот на кој Башкими победи на гости кај Кожув, од тие моменти во последните минути од средбата кога домашните стоеја, голманот се тргаше на страна а гостите од Куманово си дадоа гол за победа и за три бода со кои се во игра за пласман во елитата.
Страшно. Ова навистина не може да мине така. Надлежните, пред се ФФМ, најавија истраги под итно а виновниците за овој срам и скандал, секако дека ќе мораат да одговараат.
Инаку интересно е тоа што во изминатите неколку месеци во јавноста се повеќе се шпекулира дека зад Башкими, како неформален спонзор стои газдата на Гостивар, и дека кога ќе завршела сезоната тоа официјално ќе се потврдело.
Така се шпекулира, така се говори во кулоарите. Во фудбалско Куманово тоа веќе не е “приказна“…
Интересно е тоа дека Башкими почнува да наликува на Гостивар. Како прво со полноќните соопштенија и реакции. Па кој пишува реакција или соопштение во 01 часот по полноќ? Само Гостивар и сега Башкими? Истиот контекст, истиот приказ, истите одбрани и напади. Како некој од Гостивар да го пишувал.