Бошњачки демократски сојуз: Нaместо БиХ, на ракометниот турнир Република Српска

„Во машкиот (детски/јуниорски) турнир – Група А, како „држава учесник“ е наведена ‘Република Српска’. Потсетуваме дека ‘Република Српска’ не е држава, туку ентитет во состав на Босна и Херцеговина, меѓународно признаена суверена држава.

Ваквото претставување е неточно и неприфатливо, и претставува нарушување на основните меѓународно признати факти. Спортските настани треба да бидат ослободени од политички и административни манипулации и да ги почитуваат официјалните државни рамки.

Бараме од организаторите итно да ја коригираат оваа грешка и да го користат правилното име – Босна и Херцеговина,  како земја од која доаѓа наведениот тим.

Ја информираме јавноста дека до организаторот е веќе испратена официјална протестна нота по повод овој случај. Очекуваме одговорно постапување и исправка во најкраток можен рок“, се вели во реакцијата на Бошњачкиот демократски сојуз.

INFO MAK