Денеска рекометно Скопје е на нозе, затоа што на програмата е ракометното дерби помеѓу Вардар и Алкалоид. Натпреварот се игра од 18:00 часот во СЦ „Јане Сандански“, а РК Вардар овој момент го искористи за да прослави 65 години од своето постоење.
Се е подготвено за голем ракометен спектакл, а РК Вардар организира традиоционално и фан зона на платото пред салата „Јане Сандански“.
Почетокот на забавата е закажан за 16:30 часот, а организаторот ветува голема фешта, многу дружење и незаборавни моменти за верните навивачи на Вардар.