Ворен Бафет којшто е шестиот најбогат човек во светот ја брани својата љубов кон најпознатиот пијалок на светот „кока-кола“, секојдневното јадење на брза храна и невежбањето потенцирајќи дека “сè уште е тука” на 94 годишна возраст.
Ворен Бафет е роден е на 30 август 1930 година, започнува со компанија за текстил, а моментално е Изрвшен Директор на Бекршир Хатавеј Конгломератот еод Омаха во Небраска, неговото родно место. Бафе има завршено факултет на 20 годишна возраст на Универзитетот во Небраска и во текот на животот има развиено економски стратегии за инвестирање што го прават еден од најбогатите луѓе на светот.
Бафет периодов има интересни изјави околу неговата секојдневна исхрана. Додека цел свет се обидува да ги оттргне младите генерации од брза храна што дебелее и затнува крвни садови и предизвикува болести. Дополнително тука се и штетни газирани пијалоци во големи количини како кока-кола. Сите сакаат да се насочат кон физичка активност и редовно вежбање, Ворен Бафет се фали дека достигнал 94 годишна возраст со секојдневна конзумација на сите тие работи.
Но секако мора да се земе во предвид и тоа дека покрај оваа негова чиста среќа што е жив и долговечен и денес. Според многумина има аргументи дека се ова е возможно бидејќи може да си ја приушти најдобрата медицинска нега и грижа.
„На 94 годишна возраст, можам да пијам што сакам”, изјавуви Бафет додека пие кока-кола. Иако општото мислење е да се предупредува за сода-пијалоци Ворен Хатавеј вели дека тоа цел живот не му предизвикало проблеми ни на нему ниту на неговиот починат бизнис партнер Чарли Мунгер што доживеал 99 годишна возраст.
„Јас и Чарли никогаш не вежбавме толку многу, се фокусиравме на внимателната грижата за себе. Секое утре си јадам од Мекдоналдс, и пијам по пет лименки кока-кола секојдневно“, изјави Бафет.
Но исто така мора да се напомене дека во неговиот бизнис е вклучена и кока-кола компанијата и Крафт Хајнц кои држат главни позиции во Веркшир Хатавеј Конгломератот и воопшто и не се двоумел да ја откупи фирмата Dairy Queen и фирмата See’s.
„Мислам дека личната среќа игра огромна улога и во долговечноста. Посреќен сум кога пијам кока-кола и кога јадам хот фуџ сандејс и виршли”. изјавил Бафет во едно интервју во 2023 година.