Кардиналите денеска попладне ќе ја започнат конклавата за избор на нов папа, наследник на папата Франциск, кој почина минатиот месец.
Право на глас на конклавата имаат 133 кардинали кои од 28 април веќе се пристигнати во Ватикан. Тие ќе влезат во Сикстинската капела и зад заклучени врати, целосно изолирани од надворешниот свет, ќе го започнат тајниот избор на новиот поглавар на Римокатоличката црква.
За време на конклавата, сите радио, телевизиски и телефонски врски се прекинати бидејќи кардиналите мора да бидат изолирани од надворешниот свет и можните влијанија врз нивната одлука.
Во конкуренција за нов папа се 135 кардинали на возраст до 80 години, кои доаѓаат од 71 држава со што ова ќе биде географски најразновидната конклава во историјата.