Томовски: Бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои нема да биде само повторен, туку ќе биде и зголемен

Тој ја оспори веродостојноста на тврдењата на лидерот на СДСМ Венко Филипче за анкети на јавното мислење и го повика јавно да ги покаже и да каже кој ги правел.

„Не покажал никакви анкети, го повикувам јавно да ги обзнани кои се тие анкети и да ги видиме, да видиме дали се од некоја меродавна институција која што може да ги даде. Но, јас ве убедувам дека не е тоа така, бидејќи доколку беше тоа така уште вчера ќе имавме протести по улиците и барање на предвремени парламентарни избори“, вели Томовски.

Во контекст на локалните избори, тој ги прецизираше критериумите и филтрите кои кандидатите за градоначалници треба да ги исполнат.

„Кандидатите кај нас треба да поминат филтер, односно треба да исполнат три параметри. Првиот параметар е да поминат на анкети на јавно мислење. Се отпочнуваат постапките, ќе почнат да се прават и анкетите. Прво да видиме народот што мисли за тие кандидати бидејќи имаме потенцијални, истите кандидати, и плус имаме нови потенцијални кандидати“, истакна Томовски.

Посочи дека еден од параметрите е градоначалниците да бидат поддржани од самата структура внатре во партијата.

„Вториот параметар е да ги поддржи структурата односно партиските општинските комитети месните комитети. Онаа наша база која што традиционално ја прашуваме и го креираме мислењето за потенцијални кандидати. И резултатите, оние релевантни резултати, кои што ги постигнале до сега“, прецизираше Томовски.

INFO