„Гардијан“: Атина има 800 илјади жители, а 8 милиони туристи

Атина не може да функционира како огромен „хотел“, па затоа градоначалникот Харис Дукас ветува дека ќе го спаси главниот град од прекумерен туризам, пренесува „Гардијан“.

Во срцето на Атина, по тесните улици и околу археолошките локалитети, групи посетители се појавуваат насекаде, движејќи се во колони зад туристички водичи. Градоначалникот Дукас е решен да го врати пренатрупаниот центар на градот на неговите жители оти почетокот на туристичката сезона го става градот во ризик од „презаситеност“. Според него, цели населби се во опасност да ја изгубат својата автентичност поради неконтролиран туристички развој.

„Атина не може да функционира како да е огромен хотел. Потребни се ограничувања и правила. Градовите мора да имаат збор во начинот на кој се развиваат“, рече тој во интервју.

Минатата година, повеќе од 8 милиони луѓе ја посетиле Атина. Само во краткорочните изнајмувања, бројот на ноќевања во популарниот кварт Плака, под Акропол, се има повеќе од двојно зголемено од 2018 година, покажува студија нарачана од општината.аструктура која попушта под притисокот.

„Градиме електрична инфраструктура, водоводни системи, нова канализација, 5G мрежи. Кога имате околу 700.000 жители и 8 милиони посетители, притисокот е огромен. Секој месец се ангажираат повеќе вработени, повеќе опрема, повеќе машини за да се одговори на предизвиците“, вели Дукас.

INFO MAK