Екипата на Тотенхем планира со евентуалното освојување на Лигата на Европа, во буквална смисла да си ја спаси сезоната. Тимот кој игра очајно во Премиер лигата, сега има шанса за голем трофеј и акцентот ќе биде ставен исклучиво на тоа.
Синоќа Тотенхем ја доврши задачата во дуелот со Бодо Глимт. Победи со 0:2, на гостински терен и се пласираше во финалето каде што си закажа дуел со стар познаник, тимот на Манчестер Јунајтед.
Финалето на 21. мај ќе биде класично премиерлигашко дерби, но тоа на менаџерот на Тотенхем Енџи Постекоглу воопшто не му пречи напротив.
„Не можев да бидам погорд на тимот. Знаевме дека ќе биде тежок натпревар тука. Бевме свесни за теренот и за успехот на Бодио тука. Но, момците се покажаа добро. Возбудени сме што сме во финалето“, рече Постекоглу.