Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денес престојува во работна посета на Прилеп, каде е предвидено да направи увид во тековните инфраструктурни активности во градот.
Во рамки на посетата, Николоски заедно со градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, ќе ја посети локацијата на улицата „Кеј 1 Мај“, каде се реализира реконструкција на коловозот.
Од Министерството за транспорт информираат дека по увидот е планирано министерот да се обрати пред медиумите, при што изјавите се закажани за 11:30 часот.
…