Како бренд кој се грижи за здравиот раст и среќното детство, Моја Кравица обезбеди слатко изненадување за сите учесници – освежувачко чоколадно млеко, практични ранчиња и вкусни Моја Кравица чоко јајца. По завршувањето на трката, омиленото чоколадно млеко на децата беше совршен начин за обновување на енергијата и уживање по физичката активност.
Детската трка беше од ревијален карактер, без натпреварување – затоа сите беа победници. Стадионот одекнуваше со смеа, аплаузи и радост, а секое дете си замина дома со насмевка, убави спомени и подарок од Моја Кравица кој ќе го потсетува на нивната спортска авантура.
Со секоја ваква иницијатива, Моја Кравица продолжува да ги мотивира најмладите да растат среќно, активно и секогаш со насмевка – и со нивното омилено чоколадно млеко во рака.