Ако се земат во предвид сите настапи во низа, македонската ракометна репрезентација 15 години по ред е на големите натпреварувања. „Црвено-жолтите“ со убедливо издание против Литванија го чекираа билетот за Европското првенство 2026 година.
Одличната игра во второто полувреме, во кое нашите ракометари летаа на теренот, беа одлични во одбраната, а уште посигурни во нападот. На македонската нација и приредија уште едно незаборавно 60 минутно ракометно шоу.
Новата генерација со неколку искусни имиња ја оствари целта – пласман на Европско првенство.
Ненад Костески после мечот не го криеше задоволството од прикажаното на теренот, особено во второто полувреме.