Водечкиот европски синџир дрогерии го организира првиот најголем настан за убавина во нашата земја: dm Feel Your Beauty. Во сабота, на 24 мај од 12:00 до 18:00 часот, спортскиот центар „Борис Трајковски” ќе стане местото за средба на убавина, интерактивни работилници, beauty совети и врвна забава!
Како трендсетер на пазарот, dm не само што нуди иновативни производи и услуги, туку и создава платформа за изразување и креативност. Па така, на едно место ќе бидат собрани едни од најпознатите брендови за шминка, нега на лице и коса, но и природна козметика во уникатната атмосфера на СЦ „Борис Трајковски”.
Брендови што учествуваат на настанот се: Balea, alverde, dmBio, sundance, NIVEA, L’Oréal Paris, GARNIER, MAX FACTOR, syoss, essence, AFRODITA, HADA LABO, ziaja, Neutrogena, AURA, Dove, PANTENE, Bioten, Colgate.
Што ве очекува на настанот?
∙ 19 катчиња за убавина со 19 брендови што учествуваат на настанот, кои за секој посетител ќе обезбедат атрактивни подароци и советувања;
∙ Можност за бесплатно одредување на типот на кожа, бесплатен маникир и бесплатна персонализирана анализа на боја што ќе ви помогне да откриете кои нијанси најмногу му одговараат на вашиот тен, коса и боја на очи;
∙ Забавни активности на штандовите: игри, активации и промоција на производи;
∙ Можност за учество во работилници: изработка на лосиони и балсами за усни, изработка на dream catchers;
∙ Одлична забава, катче за сликање и зона за опуштање.
Замислен како манифестација од саемски тип, настанот на dm – Find Your Beauty – на присутните ќе им овозможи од сосема нов агол да се запознаат со различните брендови, да добијат разновидни подароци и да освојат вредни награди преку разни активации.
Со својата посветеност на квалитет, одржливост и инклузивност, dm ја поставува рамката за идните трендови во индустријата за убавина. Овој настан е одраз на визијата на dm за убавина – да биде достапна, разновидна и инспиративна за сите.
Сите содржини и производи на настанот се комплетно бесплатни.
The post Find Your Beauty: dm ве поканува на најголемиот beauty настан досега! appeared first on ekran.