Фото ФЦ Баер Леверкузен/ФБ
Иако не е неочекувано, сепак интересно е тоа што уште не дошол на „Сантијаго Бернабеу“, Чаби Алонсо почнал со делење на откази. Велиме не е неочекувано за Лукас Васкз, за “дететето“ на Реал Мадрид и капитен на тимот.
Со оглед на тоа дека Карвахал ја пропушти цела сезона, Васкез “мораше“ да игра кај Карло Анчелоти и по правило не на својата позиција и по правило лошо, посебно на сите четири Ел Класика.
Се шпекулира дека на Васкез лично му се јавил Чаби Алонсо и објаснил дека за него нема да има место во “новиот“ Реал па затоа најдобро ќе биде да си оди, но после Светското клупско првенство.