(ВИДЕО) Ова е најсочен чоколаден колач што некогаш ќе го пробате: Воздушест е и мек, а лесена е и за правење

Слаткоста на овој десерт совршено се вклопува со омилениот пијалок на многумина – кафето.

Состојки:
За шеќерна глазура:
100 г шеќер
половина чаша вода
За белиот слој:
4 јајца
300 мл млеко
400 г кондензирано млеко
1 лажичка екстракт од ванила
За чоколадниот слој:
2 јајца
160 мл млеко
6 лажички масло
75 г шеќер
6 лажици какао во прав
250 г брашно
1 лажичка прашок за пециво

Подготовка:
Прво, направете го преливот од шеќер така што ќе го растопите шеќерот и ќе додадете вода, мешајќи додека не ја постигнете соодветната конзистенција, а потоа премачкајте го калапот со глазурата.
Потоа измешајте ги состојките за белиот слој од тортата и истурете ги во калапот, а на крај измешајте ги состојките за чоколадниот дел и истурете ги во тавата со шеќерната прелив и белиот слој.
Ставете го калапот во плиток плех исполнет со вода, покријте го со фолија и печете на 180 степени во рерна 90 минути.

Фото: Принтскрин/Facebook

INFO