Брзо се подготвуваат, а резултатот е сочно јадење кое можете да го послужите со пире од компири или тестенини.
Состојки:
1 кг мелено јунешко месо
230 г рендана моцарела
45 г рендан пармезан
1 јајце
250 г сос од домати
Дополнителни 230 г рендана моцарела за посипување
Свеж босилек или магдонос за декорација
Подготовка:
За почеток, загрејте ја рерната на 200 °C. Потоа, во голем сад измешајте го меленото месо, 230 г моцарела, пармезан и јајце. Добро соединете ја смесата.
Подмачкајте ја тавата за печење со малку масло. Со помош на голема лажица формирајте ќофтиња и наредете ги во подготвениот сад. Печете 15-20 минути, додека не добијат златно-кафеава боја и не се испечат одвнатре.
Извадете ги ќофтињата од рерна, прелијте ги со доматен сос и наросете ги со преостанатата моцарела. Вратете во рерна уште 5-10 минути, додека сирењето не се стопи и убаво не порумени.
Декорирајте со свеж босилек или магдонос пред сервирање. Пријатно!
Фото: Принтскрин/Instagram