Денеска и утре се играат баражите за пополнување на ВМФЛ за следната сезона. Попладнево од 16:30 часот се играат три меча, а утре уште еден.
Сега веќе нема поправен, осум желби и само четири “визи“. Победниците од овие бараж мечеви во сезоната 2026/27 ќе играат во ВМФЛ, додека поразените ќе играат во третите лиги.
Денеска во Кратово се среќаваат Саса и Еуромилк, додека во Кочани играат за второлигашка “виза“ екипите на Кожув и Борец, додека во Штип составот на Победа Валандово се среќава со Камјани од Камењане.
Утре од 16:30 часот на стадионот во Ѓорче Петров, некогаш гигантот Тетекс се среќава со Влазними од Струга.