Светот го доживеа вториот најтопол мај откако почнаа да се водат евиденции, бидејќи климатските промени и временскиот модел Ел Нињо придонесоа за зголемување на просечните температури на копното и морето, соопшти денеска Службата за климатски промени Коперник (C3S) на Европската унија. Според нивните податоци најтопол мај досега е забележан во 2024 година, во евиденции што датираат од 1940 година. Просечната глобална температура минатиот месец била 1,42 степени Целзиусови над просекот во прединдустриските времиња од 19 век, а Западна Европа доживеа еден од најтешките топлотни бранови некогаш регистрирани толку рано во годината.
Коперник вели дека екстремната топлина во Европа била во согласност со очекувањата на научниците за тоа како климатските промени ќе влијаат на континентот што се затоплува најбрзо во светот.
Делови од Тихиот Океан забележаа исклучително високи температури додека се движи кон услови на Ел Нињо. Екстремното време минатиот месец вклучуваше фатални поплави во Кина и Турција. Се очекува Ел Нињо да се формира во наредните месеци и да поттикне екстремни временски услови низ целиот свет.
Ел Нињо природно се јавува на секои две до седум години, кога слабеењето на ветровите резултира со потопли води во источниот Пацифик. Резултат се повисоките глобални температури и врнежи од дожд, што значи суша во некои региони, а обилни дождови во други.