(Видео/фото) Скарлет Јохансон се појави на црвениот тепих во Кан во сензуална, гламурозна облека

Годинешниот 78. Кански филмски фестивал продолжува да собира мноштво познати ѕвезди и јавни личности, а на црвениот тепих прошета и Скарлет Јохансон.

Актерката блесна на црвениот тепих и ги мамеше погледите со својата убавина, но и со луксузната креација што ја носеше, со која соодветно одговори на новите правила што ги наметна годинешниот престижен филмски настан.

Скарлет Јохансон носеше сензуална и елегантна вечерна тоалета во една од најпопуларните бои оваа сезона, нежно сина нијанса.

Таа присуствуваше на премиерата на филмот Vie Privée, а креацијата што ја носеше беше од познатата модна куќа „Прада“. Кроена е така што лесно паѓа надолу по нејзината фигура и го нагласува горниот дел бидејќи рамената се голи.

INFO