Николоски до Османи: Ние ги исправуваме вашите заглавени проекти

„Дополнително, средствата од ИПА да се искористат до ноември 2024, а Владата се формира крај на јуни со тендер за градба што беше невозможна – тунел до пола!!! Да, таков тендер распиша Владата на СДСМ и ДУИ. Го прекинавме и влеговме во сериозни разговори со ЕУ и Бугарија. И се договоривме. Ќе градиме целосен тунел со грант од ЕУ!!! Еве денес имаше прв состанок на мешовитата група меѓу Македонија и Бугарија. И се праќа заедничко писмо до ЕУ, ЕИБ и ЕБРД за финансирање. Дополнително, за трета фаза на Коридор VIII имаме 149 милиони евра грант.

Значи уште еден проект заглавен од СДСМ и ДУИ ние го исправуваме и го ставаме во вистински рамки. Така се работи. Без криминал, со посветеност. Додека Бујар создаваше проблеми како министер за надворешни, ние сега ги решаваме. Железница ќе има, исто како и автопати. Во ваше време само провизии“, му одговори Николоски на Османи.

INFO MAK