На свеченото одбележување на 2 Август – Илинден, во Меморијалниот центар АСНОМ – Пелинце, државната делегација ќе ја предводи македонскиот премиер Христијан Мицкоски.
Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова утре ќе се обрати пред споменикот на Методија Андонов-Ченто на плоштадот „Македонија“ во Скопје и ќе положи цвеќе пред спомениците на Никола Карев, АСНОМ и Методија Андонов-Ченто.