Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои

„Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски. Десет имиња кои Македонија нема право да ги заборави. Нивната жртва е вградена во темелите на нашата држава. Тие застанаа во нејзина одбрана тогаш кога беше најтешко и за Македонија го дадоа најскапоценото што човек може да го даде – сопствениот живот“, истакнал министерот, се наведува во соопштението на Министерството за спорт.

Тој нагласил дека Карпалак не е само место на нашата колективна болка – Карпалак е место на кое се потсетуваме што значат храброста, должноста, честа и љубовта кон татковината.

„Наша обврска е нивните имиња да ги чуваме од заборав, нивната жртва да ја почитуваме, а на идните генерации да им ја пренесеме вистината за луѓето кои застанаа во одбрана на Македонија. По повод 25-годишнината од нивното загинување, пред нивната жртва денеска се поклонуваме со длабока почит и благодарност. Вечна слава на хероите од Карпалак. Никогаш заборавени. Да живее Македонија!“  нагласил Ристовски.

INFO MAK