Австралија денеска го потврди првiot случај на птичји грип H5N1 кај цицач, откако смртоносниот вирус беше откриен кај фока со долг нос во Јужна Австралија, пренесува „Ројтерс“.
Како што пренесува медиумот, Австралија се соочува со зголемен број случаи на високопатоген птичји грип, откако вирусот се појави во земјата во јуни. Овој месец беа регистрирани првите масовни угинувања на морски птици предизвикани од вирусот, што претставува ескалација на епидемијата која започна откако вирусот првпат беше откриен кај птици преселници, а потоа се прошири и кај домашните видови.
Властите во Јужна Австралија го потврдија првиот случај на вирусот кај цицач во земјата, откако фоката била пронајдена мртва во крајбрежниот град Бичпорт, околу 310 километри јужно од Аделаида.
Фоката, која припаѓа на вид со проценета популација од околу 100.000 единки во водите на државата, била пронајдена мртва без видливи знаци на повреда, соопштија властите.
„Не изгледа дека нејзината смрт е поврзана со други заболени или угинати морски цицачи“, изјави австралиската министерка за земјоделство Џули Колинс.