Муцунски нa 30-годишнината од Дејтонскиот договор: Дипломатијата може да ги сопре куршумите

Ова го истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во неговото обраќање на панел-дискусијата што се одржа во Дејтон, Охајо, по повод одбележувањето на 30-годишнината од Дејтонскиот мировен договор.

„Ми беше чест да се обратам на овој важен настан, каде што зборував за значењето на договорот за регионалната стабилност, за важната улога на САД во тој процес, како и за придонесот на нашата држава во зачувувањето на стабилноста и учеството во НАТО Алијансата“, објави на неговиот фејсбук профил Муцунски.

Тој нагласи дека водството на Америка не е само добредојдено – тоа е незаменливо.

„Кога САД преземаат иницијатива, Алијансата стои посилна. Потенцирав и дека Западниот Балкан доживеа суштинска трансформација откако НАТО ги отвори своите врати – и затоа што Вашингтон подаде рака. Ние активно придонесуваме во Алијансата и чекориме заедно напред. Зашто за нас, НАТО не е само безбедносна структура – тоа е морален компас“, напиша министерот Муцунски на фејсбук.

INFO