„Имајќи предвид каква беше состојбата во државата пред 25-6 месеци, она коешто го наследивме со уништени институции, ограбена економија, клекната на колена држава, разочарани и демотивирани граѓани, можам да кажам дека колку и да сакаат тие да го оцрнат тоа што денеска оваа Влада го работи, ќе мора сите да се сложиме дека денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години. А јас ви ветувам дека за три години од денеска, ќе се живее многу подобро од денес. И тоа е наша цел како Влада. Ќе повторам, мотивирани сме како никогаш досега, да испорачуваме нешто што се гледа, што можат граѓаните да го видат. Што допринесува за подобриот стандард и живот на граѓаните. И инспирацијата целосно ја црпиме од поддршката којашто ја добиваме од граѓаните и јас сум за тоа исклучително благодарен. Дека е сѐ идеално, не е. Дека има грешки, има. Кој работи, знае понекогаш и да погреши, но дека многу подобро од пред три години, морате сите да се сложиме дека е“, рече Мицкоски.