Станува збор, дополни, за средства од нераспределената добивка предвидена за 2024 година, а не средства кои се земени од Буџетот за да се финансира прославата.
Согласно заклучокот од 167 седница на Владата со кој се утврдиле конкретните активнисти кои треба да се реализираат во рамки на прославата по повод 35 години независност, како што рече, на Државна лотарија ѝ било укажано да обезбеди средства од нераспределената добивка предвидена за 2024 година во висина од 300 милиони денари за спонзорирање на настаните како и да објави јавен повик за прибирање на понуди за реализација на спонзорираните настани.
Портпаролката на Владата оцени дека со прославата се покажало дека државава може да организира настани од светски размери, граѓаните да имаат можност да ги следат да бидат дел од нив во својата држава.
Давид Гета, посочи, беше еден сегмент од целата прослава и кулминација на програмата, а не замена за македонската култура и македонските уметници.
„Приближно 95 проценти од целокупната програма беа македонски изведувачи, македонски сценски содржини, со што практично покажавме дека домашната музичка, сценска и театарска сцена има капацитет да организира и реализира содржини на ниво кое што може да биде споредувано со најголемите интернационални продукции. Сметам дека тоа е една од најзначајните пораки затоа што целта не беше само да донесеме светски имиња во Македонија, туку да покажеме и дека македонските уметници заслужуваат голема сцена, голема публика и сериозна продукциска поддршка“, рече Митева.