„Во рамки на престојот во Њујорк, учествував на панел-дискусијата на високо ниво ‘Reaffirming the promise of peace: using the power we have’, чиј домаќин беше претседателот на Република Финска, Александар Стуб. На панелот разговаравме за важноста на мирот, дијалогот, одговорното лидерство и улогата на државите и меѓународните институции во справувањето со глобалните предизвици#, пишува Мицкоски на ФБ.
Тој информира и дека воедно остварил и средба и разговор со претседателот Стуб, на која ги истакнале значењето на почитувањето на меѓународното право, силната мултилатерална соработка и потребата од градење стабилна и безбедна Европа.
„Македонија останува посветен партнер во напорите за мир, стабилност и соработка, како членка на НАТО и земја стратешки определена кон европската интеграција“, напиша премиерот Мицкоски на својот фејсбук профил.