Муцунски-Пирс во Њујорк: Во фокусот регионалната безбедност, реформите и европската перспектива

Средбата се одржала на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, а Муцунски преку објава на „Фејсбук“ информираше дека биле разгледани повеќе прашања од значење за регионот и билатералните односи.

Посебен акцент бил ставен на реформските процеси, јакнењето на демократските институции, владеењето на правото, сојузништвото во НАТО и заедничкиот придонес кон европската и евроатлантската безбедност.

Муцунски посочил дека на средбата се разговарало и за економската соработка, конкретните проекти што се реализираат преку партнерството „влада со влада“, како и за иницијативите во рамките на Берлинскиот процес насочени кон поголема регионална поврзаност и економски развој.

Средбата е одржана во рамки на активностите на Муцунски за време на учеството на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.