Кошаркарски мизерен очобол: Аман нека зврши финалето – да не се мачиме повеќе!

Марија Ковачева

Кошарката од година во година тоне, ли тоне. Еден од некогаш најтрактивните спортови во нашата држава стана предмет за потсмев, а кулминацијата се случи синоќа после третата финална пресметка меѓу ТФТ и МЗТ Скопје во рамките на плеј-офот.

Ако некој не гледал ниту еден меч цела сезона, посебно последната финална средба во Кале, според резултатот во серијата (2-1 за актуелниот првак) ќе добие погрешна слика.

Финалето меѓу МЗТ Скопје и ТФТ во Кале требаше да биде круна на сезоната, празник за кошарката. Наместо тоа, добивме срамна слика. Со еден збор – МИЗЕРИЈА. Да, кошарката ни е МИЗЕРИЈА.

INFO