Собраниската комисија за одбрана и безбедност денес ќе ја разгледа Предлог одлуката за продолжување на кризната состојба поради енергетската криза.
Според објавениот материјал на веб страницата на Собранието, се предлага кризната состојба да биде продолжена до 20 април 2027 година.
Викендот, ова го најави премиерот Христијан Мицкоски кој рече дека има најави за деескалација на ситуацијата на Блискиот Исток, но дека кризната состојба ќе биде продолжена, а доколку се смири состојбата, тогаш ќе биде прекината.