Основното јавно обвинителство Скопје испрати јасна порака до градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска коишто гласат дека доколку градоначалничката како службено лице има сознанија за кривично дело, таа има обврска и должност тоа да го дело да го пријави.
„Градоначалничката треба да соработува со јавното обвинителство и да посочи кај кои конкретни парцели или згради се откриени сомненија за незаконитости. Тоа е неопходно за да може да постапува обвинителството и да спречи евентуално компромитирање на доказниот материјал.“
Од ОЈО информираат дека во однос на заканите, Министерството за внатрешни работи е орган директно надлежен за заштита на животот на граѓаните, како и за откривање и спречување на тие што го загрозуваат.
„Основното јавно обвинителство Скопје е на располагање преку дежурен јавен обвинител, веднаш без одлагање, доколку сака градоначалничката, да ја сослуша за сите сомненија, сознанија и закани и да ги провери сите околности.“