Мицкоски: Силна Брвеница се гради со исполнети ветувања и партнерство со граѓаните

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оствари средби со жителите на Радиовце, Теново, Брвеница и Седларце во Општина Брвеница.

Посетата е во знак на поддршка на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Брвеница, Стојанчо Радичевски, пред претстојните избори на 1 ноември.

Мицкоски истакна дека непосредниот разговор со граѓаните е најдобриот начин да се препознаат нивните приоритети, да се разберат предизвиците со кои се соочуваат и да се понудат конкретни решенија.

„Нашата обврска е да градиме доверба преку одговорна работа, исполнети ветувања и проекти што носат вистински придобивки за секое населено место“, порача Мицкоски.

Тој нагласи дека силна општина се гради со визија, посветеност и партнерство со граѓаните.

-Нашата обврска е да градиме доверба преку одговорна работа, исполнети ветувања и проекти што носат вистински придобивки за секое населено место. Силна општина се гради со визија, посветеност и партнерство со граѓаните – напиша Мицкоски на Фејсбук.

Мицкоски, исто така, упати порака за единство, обединување и заедничка визија за развој на општината заедно со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница Стојанчо Радичевски.

-Од Брвеница, заедно со нашиот иден градоначалник Стојанчо Радичевски испраќаме порака за единство, обединување и заедничка визија за развој на општината, со конкретни проекти, нови можности и подобри услови за живот за сите граѓани на Брвеница, затоа што народот заслужува напредок и стабилност – објави Мицкоски. аа/

Фото: ФБ Христијан Мицкоски