Потпретседателот на Сејмот на Полска, Шимон Холовнија, денеска доаѓа во официјална посета на македонското Собрание.
Според најавената програма, Холовнија ќе се сретне со потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски, по што во 12:30 часот е предвидена заедничка прес-конференција.
Во рамките на посетата, полскиот парламентарец ќе биде примен и од министерот за одбрана Владо Мисајловски. Предвидена е и средба со пратениците од собраниската група за пријателство и соработка со Полска.
Во делегацијата на Холовнија се и Павел Шлиз, претседател на групата на Сејмот за соработка со Македонија, и Томаж Глоговски, претседател на полската група за соработка со балканските држави.
…