Инзаги по потопот во финалето на ЛШ: Боли!

Фудбалерите на ПСЖ во Минхен остварија историска победа над Интер со 5:0, и по првпат во историјата на клубот го освоија трофејот од Лигата на шампионите.

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, со ова стигна до својот втор трофеј од Лигата на шампионите, по оној во 2015 година со Барселона. Тој стана седмиот тренер кој освоил ЛШ со два различни клуба, и втор што двапати ја освоил тројната круна, по Пеп Гвардиола.

На другата страна, тренерот на Интер, Симоне Инзаги, остана без трофеј оваа сезона, и покрај тоа што Интер се бореше за титулата во Серија А, стигна до финале во ЛШ и полуфинале во Купот на Италија.

„Дадовме сè од себе во овие 58 натпревари. Овој пат го започнавме уште на 13 јули, затоа сега не ми изгледа соодветно да зборуваме за иднината. На стадионот дојдоа многу наши навивачи со надеж дека ќе го заокружиме ова патување, но како и пред две години – не успеавме токму во најважниот меч“, започна Инзаги и продолжи:

INFO