РФ на Македонија со реакција: NMKD e несоодветна кратенка за нашата држава

За време на директниот пренос од ракометнкиот натпревар меѓу грчките и македонските ракометни репрезентации, на графиката стоеше кратенка NMKD. Од РФМ има реакција, која ја објавуваме во целост:

Ракометната федерација на Македонија ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и до Ракометната федерација на Грција, во врска со употребата на несоодветната кратенка за нашата држава за време на телевизискиот пренос од натпреварот меѓу Македонија и Грција.

Ракометната федерација на Македонија смета дека ваквите пропусти се неприфатливи и очекува соодветна реакција од надлежните институции, како и преземање мерки за спречување на слични ситуации во иднина, се вели во објавата на РФМ.