Познатиот модел од 90-тите, Наоми Кемпбел, одлучи да му ги покаже на светот децата што ги доби со помош на сурогат-мајка. Иако нејзиниот профил на социјалните мрежи е посветен на модните настани, таа одлучи да направи исклучок и да објави фотографија од своите деца.
Наоми гордо позира со своите ќерка и син, а фотографиите што ги објави на „Инстаграм“ беа придружени со емотивна порака.
View this post on Instagram
„Скокам седум брана радост со моите две мали љубови – моите отчукувања на срцето, моите вечни ангели. Сè што сум, сум поради вас“, напиша моделот покрај неколку фотографии со своите деца на плажа.
За да се заштитат нивната приватност и идентитетот, фотографиите не ги покажуваат нивните лица.