Хаџиевски пред кам-бек кај источните соседи, ќе преземе поранешен бугарски шампион

Искусниот македонски стручњак, Ѓоко Хаџиевски е на добар пат да добие нов ангажман во Бугарија.

Хаџиевски добро го познава фудбалот кај нашите источни соседи, последниот клуб кој го водеше и во кој имаше добри резултати беше Спартак Варна со кого се раздели во месец јули. Сега според медиумите во Бугарија, Македонецот е прв кандидат за клупата на Локомотов Софија, некогашниот шампион на оваа земја.

Локомотив бара наследник за Љубослав Пенев, Ѓоко доаѓа на финални преговори и ако нема некое изненадување во последнен момент поранешниот македонски селектор ќе седне на клупата на тимот од бугарската престолнина.

Инаку овој тим стои лошо на табелата и со 9 бода е на последното место.

Инаку овој тим стои лошо на табелата и со 9 бода е на последното место.