Кардинале: Очекувам Милан да се бори за Скудетото, ќе се засилиме во јануари ако…

Милан имаше убедлив настап против Фрозиноне, победа од 5-1 со која дојде до 27 бод во сезоната и дојде на минус два од третопласираниот Интер, додека разликата со римските клубови Лацио и Рома остана пет, односно три поени.

Ова за „росонерите“ беше трето славје во низа и истото донесе радост, среќа и задоволство кај првиот човек Гери Карднале.

-Па, никогаш не сум задоволен, но резултатите зборуваат сами за себе. Момците беа фантастични вечерва. Се надевам дека сте среќни. Се надевам дека навивачите се среќни. Мислам дека тимот навистина се обединува. Тоа е еден натпревар, па затоа го држиме ентузијазмот под контрола, но навистина сум горд на момците. Ова е тим и тоа е тим кој сака да победува до самиот крај.

-Видете ноември е. Сè уште имаме долг пат пред нас, но сакаме да видиме подобрувања во секој натпревар. Овој викенд беше многу интересен ако ги погледнете резултатите. Можете да видите дека нешто се менува во Серија А. Бев многу среќен што не видов само како победуваме, туку и како победуваме со таа разлика. Мораме да градиме врз тоа. Како што вели Аморим, секој натпревар е нешто врз кое треба да се гради.

-Повторно, јануари е само уште една фаза. Како што знаете, јануарскиот пазар е комплициран, па затоа мора да бидете дисциплинирани. Не можете само да се фрлите на нешто случајно. Едно нешто што ќе се случи под мое раководство е дека секогаш кога ќе влеземе на трансфер пазарот, ќе играме за да победиме. Тоа е темата што ја поставив на почетокот на оваа година. Значи, ако направиме трансфер во кој било преоден рок, јануари или јуни, тоа ќе биде трансфер што ќе се брои, -заклучи претседателот на италијанскиот великан.