Американците го откажаа настапот на мундијалот во Катар

Американската фудбалска федерација ги инфомираше ФИФА и јавноста дека репрезентацијата за играчи до 17 години нема да учествува на претстојното светско првенство во Катар.

Американците решија да забранат патување за своите надежи во азиската земја, како дел од загриженоста поради специфичната безбедносна ситуација во овој регион.

Имајќи ги предвид случувањата во Саудиска Арабија, Американците ги предупредија сите свои граѓани од опасноста за престој во Катар и околните држави, а федерацијата решила да се повлече од мундијалскиот настап.

Американците требаше да имаат и тренинг камп во Катар, каде ќе реализираа кратки последни подготовки во пресрет на почетокот на СП во категоријата У-17, чиј старт е закажан за 19. ноември.

Американците требаше да имаат и тренинг камп во Катар, каде ќе реализираа кратки последни подготовки во пресрет на почетокот на СП во категоријата У-17, чиј старт е закажан за 19. ноември.