Најмалку 27 Палестинци убиени, а десетици ранети од израелски оган

Најмалку 27 Палестинци убиени, а десетици ранети од израелски оган во близина на место за дистрибуција на храна, во јужниот дел на појасот Газа, велат локалните здравствени власти, пренесива „Гардијан“.

Како што се наведува, ова е трет ден по ред од слични инциденти, додека Израел се обидува да наметне нов режим на дистрибуција на помош во Газа, кој е блокиран со недели.

Израелската војска соопшти дека нејзините сили отвориле оган врз група лица кои ги напуштиле одредените пристапни патишта во близина на дистрибутивниот центар во Рафа. Новинарите не биле во можност независно да го утврдат бројот на жртви, но Ројтерс објави дека портпарол на Меѓународниот комитет на Црвениот крст изјавил за новинската агенција дека нивната теренска болница во Рафа примила 184 жртви, додавајќи дека 19 од нив биле прогласени за мртви по пристигнувањето, а осуммина починале од повредите кратко потоа.

INFO