Од понеделник нагло заладување и температури под нулата

 

По периодот на невообичаено топло време за ноември, Македонија ја очекува значително заладување на почетокот на следната недела. Од понеделник, 23 ноември, се најавува продор на студена воздушна маса од север, која ќе донесе пад на температурите, а во деновите потоа и услови за појава на утрински мраз.

 

Метеорологот Славчо Попоски предупредува дека Македонија и поголемиот дел од Балканот би можеле да бидат зафатени од првиот посериозен студен бран во пресрет на зимата.

 

Според неговите анализи, заладувањето ќе започне на почетокот на следната седмица, а постуденото време ќе се задржи и во наредните денови.

 

Температурите ќе се спуштат под нулата

 

Најизразеното заладување се очекува од понеделник кон вторник, кога значително ќе се намалат дневните температури.

 

Во утринските часови, особено во постудените подрачја, температурите би можеле да се спуштат под нулата.

 

Со тоа ќе се создадат услови за појава на утрински мраз.