За Извештајот на ЕК ќе расправаат две собраниски тела

За Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава за 2026 година денеска ќе расправаат Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции.

Во Собранието, расправите за годишните извештаи на ЕК традиционално се одвиваат на заеднички седници на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања.

Најновиот Извештај на Европската комисија за Македонија за 2026 година беше објавен на 4 ноември.