Велат ги нема, ама еве ги Македонците од Бугарија

Само три дена пред „подвигот“ на бугарските европратеници со одложувањето на извештајот на Европскиот парламент за Македонија поради најавеното признавање на македонскиот идентитет и јазик во него, „непостоечките“ Македонци од Бугарија „предварително“ им ги избија аргументите во селото Тешово, Пиринска Македонија.

По чествувањето на 119-годишнината од убиството на локалниот војвода Атанас Тешовски – Тешовалијата со традиционалниот семакедонски собир, организиран од локалните структури на Обединетата македонска организација „Илинден“ – ПИРИН, во видеото на денот се пее за „море егејско“, „извор охридски“, „гора пиринска“ и „мајка Македонија“.

INFO