Македонија против Казахстан за продолжување на „бајката“ – една година без пораз!

СпортСпорт во Астана, Огнен Чак Дојчиновски

Македонската фудбаска репрезентација денеска од 16:00 часот по македонска време го игра четвртиот квалификациски дуел од Мундијаската кампања за СП во САД, Мексико и Канада во 2026 година, против Казахстан на гостински терен.

Нашиот национален тим во Астана пристигна како фаворит и со набилдана позитивна енергија. Истото се должи на долгата низа на мечеви без пораз, а секако и поради фактот што од три меча во овие квалификации ние имаме пет бода. Освоени против Лихтенштајн на гости, односно Велс и Белгија на домашен терен.

Она што импонира во моментов е начинот на кој што нашиот национален тим се справува со предизвиците. Ги игра мечевите, што пријателски што квалификациски во континуитет и не губи. Конкретно, Македонија последен пат загубила меч на 6 јуни минатата година против Чешка со 2:1.

INFO